Прво издание на Фестивалот на малата школа за краток филм во Битола

Центарот за култура во Битола од утре ќе биде домаќин на првото издание на Фестивалот на малата школа за краток филм, на кој ќе се прикажуваат краткометражни филмови наменети за млада публика.

Првото издание на фестивалот во Битола, всушност е продолжување на шеснаесеттото издание на Фестивалот на малата школа на краткиот филм на Меѓународниот филмски фестивал од Нанси-Франција, кој покрај организирање на фестивалот, особено има искуство во воспитувањето преку филмот, јавува дописникот на МИА.

Програмата е составена од кратки филмови од француска и европска продукција, за кои ова ќе биде македонска премиера.

Фестивалот започнува со проекција во училиштето „Славко Лумбарковски“ во село Гермијан, а потоа со проекции во Центарот за култура -Битола, завршувајќи со проекција во училиштето „Коле Канински“ во село Буково.

Сите проекции ќе бидат бесплатни.

Првото издание на Фестивалот на Малата школа на краткиот филм во Битола е финансиски поддржано од  француски Епинал збратимениот град на Битола, Францускиот институт Скопје, Француската алијанса Битола, Центарот за Култура Битола и асоцијацијата АЅ АЈ ВО-Меѓународен филмски фестивал од Нанси-Фрација.