Првата снимка од стратосферата направена со паметен телефон

Аматерскиот иноватор Колин Фурзе направи велосипед со тркала од мраз. Тој создаде и метален костим кој е издржлив на огномет.

Фурзе пушти 12 балони во воздухот кој секој со себе носи два или четири HTC паметни телефони кои беа поставени за да го снимат искуството. Тие достигнаа повеќе од 100 000 метри, според Фурзе. Тоа значи дека успеале да стигнат до стратосферата на Земјата, односно вториот слој на атмосферата. Ова всушност претставува првата снимка од телефон од таа височина.

Фурзе ги поставил телефоните во специјално дизајнирани кутии со што би можеле да опстојат на температури под нулата. На крај, балоните пукнале со што телефоните се вратиле на земјата. Според видеото, телефоните го преживеале патувањето.

Во видеото се прикажува и огномет кој Фурзе го пушта на височина од 20 000 метри. Според него, било која височина поголема од таа, не би дозволила огнометот да полета.

Фурзе е познат иноватор кој на својот Youtube канал досега има објавено неколку видеа со експерименти за кои тој вели дека ги започнал како хоби, но дека веќе почнал да заработува од нив.