Прв меѓународен аеродром целосно напојуван со соларна енергија изграден во Индија

Индискиот град Кочин може да се пофали со првиот меѓународен аеродром кој целосно е напојуван со соларна енергија. Локалните власти во индиската држава Керала официјално ја отворија огромната соларна централа во вторникот.

Масивната соларна централа е составена од повеќе од 46 000 соларни панели кои се протегаат на 45 акри земјиште, во близина на комплексот на аеродромот. Севкупно, аеродромот ќе има помеѓу 50 и 60 илјади единици на електрична енергија на ден, благодарение на централата, што е доволно аеродромот да биде целосно независен.

Аеродромот почна да користи соларна енергија за првпат во 2013 година кога се инсталирале соларните панели на покривот на еден од неговите терминали. Ова било проследено со друга, поголема инсталација, што на крајот резултираше со повеќе од 46 000 панели.

Според властите, целокупното влијание на овој проект е значаен и долготраен. Соларните објекти на аеродромот, се очекува да намалат 300 000 тони на емисии на јаглероден диоксид во наредните 25 години.

Покрај Меѓународниот аеродром во Кочин, кој е првиот ваков аеродром во светот, неговиот пример ќе го следи и аеродромот во Денвер, каде веќе се изградени четири соларни централи кои ќе можат да произведуваат 3,1 милиони киловат-часови електрична енергија годишно.

Извор: Mashable