Белоруската полиција приведе студенти при почетокот на новата учебна година која започна среде протестите против долгогодишниот лидер Александар Лукашенко. Река од студенти маршираа во Минск. Лукашенко, кој е на власт повеќе од 26 години, инсистира дека ја има поддршката на милиони граѓани.
„Не сакам да ја видам мојата земја распарчена. Ако алтернативата дојде до власта ќе се доживее колеж многу поопасен од оној што се случи во Украина“, пренел медиумот „Белта“ кои ги брани ставовите на власта.
Во меѓувреме, една од водечките опозициски фигури во Белорусија, Марија Колешникова, истакна дека ќе формира нова партија „Заедно“.
Протестите против Лукашенко продолжиле уште од претседателските избори на 9 август, за кои многумина сметаат дека се наместени, а истовремено не се признаени од Европската Унија и САД поради тоа што ниту се слободни, ниту фер. Во изминатите три недели, центарот на Минск е преполн од народна маса што ја сочинуваат 100,000 до 200,000 демонстранти. Илјадници студенти го одбележаа првиот училишен ден преку марширање со знамињата на опозицијата.
„Дојдовме за да го поддржиме народот, да го кажеме нашиот политички став и да им покажеме на останатите дека нема причина за останување дома од страв“, истакнал еден од студентите.
Белоруските власти се обвинети за брутално однесување кон демонстрантите. Во изминативе денови не беше употребена сила, но насилните мерки беа преземени за време на протестите во недела. Седумнаесет новинари, највеќе од нив белоруски граѓани ги изгубија акредитациите. Двајца од новинарите работеле за „БиБиСи“.
Извор: BBC