Повеќе од 300 луѓе загинаа а стотици се повредени во бранот насилства во Бангладеш, пишува „Ал Џазира“. Протестите започнаа минатиот месец кога студентите излегоа на улиците поради владините квоти за работни места и оттогаш се проширија на немири низ целата земја.
Демонстрантите денеска повикаа на масовен марш кон главниот град Дака.
Бројот на загинати е најголем во еден ден од кој било протест во поновата историја на Бангладеш, надминувајќи ги 67-те смртни случаи пријавени на 19 јули.