Протести: Цвеќе за Тито и шарена боја за Министерството за правда

Прво положување цвеќе пред споменикот на Тито, по повод 25 мај, роденденот на некогашниот претседател на Југославија, а потоа и нова тура боја врз Министерството за правда. Вака денеска започна протестот на движењето Протестирам и Шарената револуција.

Цвеќето беше положено пред споменикот на скопската гимназија Јосип Броз Тито.

Демонстрантите потоа продолжија кон Монистерството за правда, испишувајќи графит на асафалтот „Раскрстивме со вас“ и „Правда да се немало“, на новата црвена фасада на министерството.

Со демонстрантите денеска маршираат и претставници на СДСМ како претседателот Зоран Заев и Радмила Шеќеринска.

Протестот вообичаено започна пред СЈО, каде денеска беше поставен и штанд на кој сите присутни можеа да се потпишат како учесници на Шарената револуција, а во знак на солидарност со лицата кои поради боење се повикувани на информативни разговори во МВР.