Иницијативата „Не давимо Београд“ вчера организираше протест поради загадувањето на воздухот, кој се одржа пред општината на градот и Владата на Србија. Исто така, тие пред три дена покренаа петиција со која од градските и државните власти бараат конкретни мерки против загадувањето на воздухот во Србија.
Член на иницијативата Владимир Радојичиќ вели дека е „многу јасна артикулацијата на барањата“ кон локалните и државните власти за тоа што е потребно да се направи, како граѓаните би се заштитиле од штетното влијание на загадениот воздух.
„Барањата на петицијата ги доставуваме до Градот, адресирани до градскиот Секретаријат за заштита на животната средина, и ги доставуваме до Владата на Србија, а исто така, барањата пред се сè однесуваат на Министерството за заштита на животната средина“, вели Радојичиќ.
Тој истакна дека барањата се поделени на два дела: краткорочни мерки, кои, како што вели, се „неопходни да се преземат во ситуација кога имаме екстремно загадување на воздухот“ и долгорочни мерки кои се насочени на трајно подобрување на квалитетот на воздухот. Помеѓу краткорочни мерки, стои и тоа дека е „потребно е објективно, навремено, и точно граѓаните и граѓанките на Белград да добиваат информации за состојбата со воздухот во Белград, а не таквите информации да ги добиваме од странски сајтови“.
„Очекуваме исто така од институциите на градско ниво да излезат и да им соопштат на граѓаните дали на децата им е дозволено да излегуваат надвор, дали е дозволено на болните лица да имаат физички активности, а колку, ние здравите, може да бидеме изложени на загадувањето и што треба да правиме, се до намалување на сообраќајот во поединечни делови, во деновите кога имаме екстремно загадување на воздухот“, вели Радојичиќ.
Радојичиќ во својот говор пред насобраните граѓани кажа дека Белград од 2010 година има проблеми со загадувањето, и дека податоците на Светската здравствена организација укажуваат на тоа дека на територијата на Србија, годишно умираат 6.000 луѓе од последиците на загадениот воздух.
Алекса Петковиќ, член на иницијативата „Не давимо Београд“ ги прочита барањата, меѓу кои се и редукција на сообраќајот со воведување на системот „пар-непар“ во денови со екстремно загадување на воздухот, и исто така, во таквите денови, привремено затворање на градинките и училишатата во делови на градот загрозени со загадувањето.
„Долгорочни мерки за унапредување на квалитетот на воздухот и заштита на граѓаните се радикално подобрување на јавниот транспорт и намалување на автомобилскиот сообраќај. Обезбедување услови за движење низ градот без загадување, за користење велосипеди и за пешачење, преминување од фосилни горива на обновливи извори на енергија“, нагласи Петковиќ.