Протест „Стоп за загадувањето“ денеска во Железара

И овој вторник, пред главниот влез на фабриката Железара со почеток во 17 часот скопјани ќе протестираат против загадувањето на воздухот од еден од најголемите загадувачи фабриката Железара и компанијата Макстил.

Протест „Стоп за загадувањето“ денеска во Железара

Тие укажуваат на енормната загаденост на воздухот во Скопје и бараат Макстил да ги исполни еколошките стандарди и да го запре испуштањето на густиот чад кој ги труе го години. Ова е уште еден во низата протести со истите барања кои изминативе неколку месеци се организираат од жителите на најзасегнатите населби, Железара и Автокоманда.

11

„За овие работи постојат законски стандарди. За жал, најголемиот загадувач на Скопје, фабриката Железара, односно компанијата Макстил, не ги почитува стандардите. Се што досега е сторено е ветување дека ќе бидат ставени филтри на оџаците. Сепак, до денес такво нешто не се случи, и покрај барањата на жителите на Железара и Скопје за итно преземање на заштитни мерки. Од друга страна, институциите на државата не преземаат никаква посериозна акција.

Право на секој граѓанин е да живее во чиста животна средина и верувамe дека со истрајност и искрена иницијатива тоа право можеме и конечно да го оствариме.Напоменувам дека оваа иницијатива е граѓанска, дека се добродојдени сите свесни и совесни граѓани и дека настанот нема апсолутно никаква политичка позадина“, се наведува во соопштението за протестот.