Протест на учениците и професорите во Атина

Студенти, средношколци , професори и вработени во образованието денеска ќе излезат на протестен митинг во Атина против планираните промени во образовните институции и најавите за намалување на бројот на вработени,  јавуваат грчките медиуми.

Вработените во Универзитетот во Атина соопштија дека се противат на политиката на скратувања во образованието и бараат враќање на работа на отпуштените работници. Синдикатот на наставниците исто така апелираше за учество во протестот.

„Заедно со студентите и останатите од академската заедница ние се спротивставуваме на нападите врз јавните универзитети и намерата за нивна трансформација во авторитарна институција без академски, научни и демократски карактеристики. Ние бараме брзи решенија за итните, тешки проблеми на Универзитетот, за вработените и студентите“, се наведува во соопштението.

Студентите почнаа со протести уште минатиот понеделник.