Протест на средношколците и студентите во Грција против новите реформи во образованието

Повеќе од 1500 средношколци и своите професори вчера демонстрираа пред универзитетот Пропилеа во Атина, Грција. Со овие демонстрации почна вториот дел од демонстрациите за новите реформи во образованието што ќе траат во наредните три дена.

Учениците протестираат за новите реформи кои вклучуваат драстични промени во процесот на испити, за спојувањата на училиштата и недостатокот на учебници и професори.

Мобилизациите почнале во понеделникот кога стотина средни училишта низ државата биле окупирани од учениците.

Министерството за образование претходно процени дека околу 500 училишта низ државата биле окупирани. Според официјалните податоци, во вторник бројката се намалила на 350 окупирани училишта.

Вчерашните протести завршија пред грчкиот Парламент, од каде што средношколците упатија јасна порака дека нема да се откажат и дека нема да се предадат на законите на министерот за образование, Андреас Ловердос, кој неодамна најави мерки против окупациите.

Воедно, обвинителот на Врховниот суд во Грција, Ефтерпи Куцамани, побара од сите обвинители во државата да дејствуваат за да не се оштетат државните училишта при демонстрациите, иако министерот подоцна негираше дека побарал таква иницијатива.

Министерот рече дека нема да има изгубени часови и дека учениците ќе треба да учат преку викенд за да ги надополнат изгубените предавања. Ако е потребно, божиќните празници ќе бидат скратени и ќе се укине пролетната петдневна екскурзија.

Фејсбук страницата, преку којашто беа организирани демонстрациите привремено беше недостапна, но вчера беше обновена.

Протестот на средношколците беше проследен со уште еден, овојпат организиран од студентите.

Протест на средношколците и студентите против новите реформи во образованието во Грција

Извор: Greekreporter