Протест на матурантите во Куманово денеска напладне

Матурантите од кумановски средни училишта најавија протест за денеска, со почеток од 12 часот на градскиот плоштад „Маршал Тито“ од каде ќе го претстават своето барања да се укине полагањето математика на државна матура.

Средношколците ќе се обратат до регионалното претставништво на Министерството за образование и наука каде ќе ги достават своите барања со цел да се постигнат заеднички напори за измена на законот.

Ова е втор протест на кумановските матуранти. Тие вчера протестираа бидејќи тие сакаат полагањето да биде како и претходните години, самите да бираат што ќе полагаат помеѓу предметите англиски јазик и математика.