Промоција на видео-инсталацијата „Граѓани“ на ликовната уметница Тања Балаќ

Видеоинсталација „Граѓани“ од ликовната авторка Тања Балаќ, која дава поглед на општествено- ангажираната уметност во јавниот простор, вечерва ќе биде прикажана на плоштадот „Македонија“.

Промоција на видео-инсталацијата „Граѓани“  на ликовната уметница Тања БалаќНастанот е закажан во 19 часот, а станува збор за видео – инсталација која трае 4,5  минути, а во која авторката го отвора прашањето дали скринот како симбол на потрошувачкото општество и ширење на маркетиншки пораки може воедно да биде и средство за уметничко изразување.

Во инсталацијата се прикажани галерија ликови, 65 граѓани, од различна возрасна, социјална, верска, полова структура, како документ на едно време.

Промоција на видео-инсталацијата „Граѓани“  на ликовната уметница Тања Балаќ„Станува збор за луѓето со кои секојдневно се сретнуваме, комуницираме, разминуваме, одбегнуваме, а за кои ништо не знаеме, или можеби немаме време да дознаеме?Но, сепак, преку нивните ликови правиме обид да ја насетиме нивната интима и длабоки чувства, она што во последно време „најмалку не интересира“, со еден збор, да допреме до човекот“, стои во соопштението за настанот.

Ова е само првиот дел од проектот „Граѓани“, како најава за останатите кои ќе се реализираат во наредниот период.