Промоција на видео запис за песната „Тивка река” на „Темпера“

Рок групата „Темпера“ со песната „Тивка река“ го најавува новиот албум кој би требало да се појави во првата половина на 2016 година. Промоцијата на видео записот ќе се одржи вечерва, во кафулето „Децата од нашата улица“, во 20 часот.

„Тивка река“ е песна за љубовта и потрагата по чувството на припадност, исполнетост и топлина која реализираната и возвратена љубов ја носи и е авторско дело на групата. Песната е снимена и продуцирана од Мите Димовски во студиото „Тра ла ла“ во Скопје. За концептот и режијата се погрижи режисерот Игор Иванов-Изи, а е изработен е од продуцентската куќа ОХО.

Групата е составена од Тања Тас – вокал, Драган Гиновски-Гино – гитара, Мите Димовски – тапани и Џоле Максимовски – бас гитара.

Нивниот прв албум „ИГРАЈ!“ беше издаден во 2014 година.