Прогласени најдобрите филмови на фестивалот за планински филмови – ЕХО

Nordfor Sola“ во режија на Жорн Ранум и Инге Веге од Норвешка е награден за најдобар долгометражен филм на Фестивалот за планински филмови – ЕХО. За најдобар среднометражен филм е прогласен македонскиот филм „Кон врвот“, додека титулата најдобар краткометражен филм ја доби филмот „Cold“ на Ансон Фогел.

Специјална награда доби и филмот „Blind Trust“ на режисерот Растислав Хатијар.

Краткиот филм „Љубох“ на Игор Јовановски ја доби наградата за најдобро аматерско видео.

Стручното жири беше составено од Влатко Галевски, Борјан Зафировски и Игор Анѓелков. Свој придонес во жирито имаа и студенти од Факултетот за драмски уметности во Скопје кои за апсолутен победник го прогласија филмот „Cold“.

Фестивалот се одржуваше од 3 до 6 ноември на кој беа прикажани голем број на странски, но и македонски филмови на тема планинарски спортови. Филмовите се прикажуваа во кино „Милениум“ и кино „Фросина“.