Прогласени најдобрите 13 угостителски објекти во Скопје за 2020 година

Преку проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“,  во организација на Град Скопје и агенцијата „SWOT Research“ – агенција за анализа на квалитетот на услугата, беа избрани најдобрите 13 скопски локали за 2020 година.

Ваквото оценување на градската угостителска услуга се одвива веќе тринаесетта година по ред.

Раководителот на Секторот за Локален економски развој на Град Скопје, Марко Тодоров, денес на претставниците на најдобрите угостителски објекти им ги додели плакетите на отворено пред бараките на Град Скопје.

Како што известуваат од Град Скопје, целта на овој проект е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата кон клиентите во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет и на целокупниот амбиент во угостителските објекти на територијата на градот.

Тајните конзумери кои биле ангажирани од агенцијата „SWOT Research“ ги оценувале угостителските објекти според неколку стандарди и тоа – прв контакт и поздравување, хигиена во објектот и тоалетите, воспоставени ковид мерки, амбиент, услуга на келнерите, општа услуга, квалитет на храна и завршен контакт.

Оттаму, најдобрите угостителски објекти во Скопје за 2020 се поделени во четири категории – ресторани, гостилници, „lounge“ и мезе барови и кафулиња.

Категорија Ресторани
1 место: Стара Градска куќа
2 место: Антица
3 место: Амика

Категорија Гостилници
1 место: Дебар маало
2 место: Градска кафеана – Кај Јоле
3 место: Градска кафана Досие Скопје

Категорија Lounge и мезе барови
1 место: Рок кафана Рустикана
2 место: Горки
3 место: Soul kitchen bar

Категорија Кафулиња
1 место: Happy caffeе
2 место: Добар
3 место: Long play