ХЕРА на 28 септември (сабота), по повод Меѓународнот ден на пристап до безбеден и легален абортус, во „Салон 19:19“ во 19 часот организира проекција на документарецот „Предизвикот на Роу“, а потоа и дискусија.
Меѓународниот ден се одбележува под мотото „Абортусот е здравствена заштита“.
На овој ден, велат од ХЕРА, сите жени во светот потсетуваат дека непланираната бременост и абортусот се составен дел од нивниот сексуален и репродуктивен живот и здравје, и се од суштинско значење за остварување на репродуктивната слобода.
‘Предизвикот на Роу’ нѐ потсетува дека ‘кога си жена сѐ е политика’, отсликувајќи ја токму оваа реалност – политичката аура околу абортусот и репродуктивната слобода на жените низ призма на 50-годишната социјална и правна историја на овие прашања во Соединетите Американски Држави. И покрај тоа што еден од основните принципи на демократијата е да се има контрола над сопственото тело, иднината на правото на телесна автономија на жените и абортусот како медицинска, социјална потреба и здравствена грижа останува неизвесна, засенета од влијанијата на партиско-политички-религиозните агенди и псевдонауката“, се вели во најавата за настанот.
После филмот, присутните ќе споделуваат впечатоци и дискутираат за локалните предизвици поврзани со абортусната нега со цел унапредување на здравјето на жените и родовата еднаквост во целост.
Влезот за настанот е бесплатен.