Проблеми со Фејсбук низ целиот свет

Неколку часа корисниците на најголемата социјална мрежа Фејсбук не можеа да ги гледаат новите објави на својот профил (Newsfeed).

Untitled

Илјадници корисници упатија жалби до Фејсбук поради овој проблем. Засега се уште нема одговор од страна на компанијата, но како што јавуваат светските медиуми во меѓувреме проблемот е решен во повеќе делови на светот.

Со слични проблеми Фејсбук се соочуваше и претходно кога глевно се работеше за технички проблеми што беа решавани за неколку часа.