Приказна за европската интеграција на Македонија – преиспитување на очекувањата, реалноста и можностите

Темата „Приказната за европската интеграција на Македонија 2.0 – преиспитување на очекувањата, реалноста и можностите“ ќе биде во фокусот на годинешната конференција на Форумот Еуропаеум 2017 кој денеска во Скопје ќе го одржи Институтот за европска политика (ИПИ).

Според организаторот, целта на конференцијата е да поттикне отворена и конструктивна дискусија помеѓу институционалните и вонинституционалните чинители за моменталната политичка ситуација во Македонија.

Предвидено е на форумот ќе се обратат членови на Советот на ЕПИ како и гости од земјата и странство, меѓу кои и вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска, поранешниот шеф на допломатијата и пратеник и актуелен претседател на Националниот совет за евроинтегрции Никола Попоски, Антоанета Димитрова вонреден професор од Универзитетот во Лајден, Адам Феган од Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон, Јулијана Николова од Центарот за модернизација на политики, Софија и Тобиас Флесенкемпер, виш научен соработник и директор на одделот за проекти на Балканот во европскиот институт ЦИФЕ, Ница.