Pride week: Организирано изразување е целовечерен настан кој ќе се одржи на 23 јуни во Кино Култура, со цел да ја подигне свеста за проблемите со кои на секојдневно ниво се соочуваат членовите на ЛГБТИ заедницата и да ја развие културата на дијалог за промоција и правна заштита на нивните права.
Настанот се организира во рамките на Skopje Pride Weekend од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници” во соработка со Младински образовен форум и ЛГБТИ центар за поддршка – Хелсиншки комитет.
Тезата на за дискусија гласи „Правата на ЛГБТИ заедницата треба да добијат поголема видливост во сегашнава општествено-политичка криза”. На настанот ќе дебатираат Билјана Секуловска, Стојанче Ангелов,
Софија Куновска, Јордан Шишовски и Славчо Димитров.
Дебатата почнува во 19:30 часот во Кино Култура.