На прес конференција на Сојузот на стопански комори на Македонија ќе биде презентирано како полесно да се стаса до средства од Фондот за иновации и технолошки развој.
Пресот е организиран во рамки активностите на Сојузот на стопански комори на Македонија, кои имаат за цел компаниите подетално да се запознаат со инструментот Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт ап и спин оф.
ССК во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој на Република Македонија, организираат серија активности со цел компаниите подетално да се запознаат како функционира со инструментот Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт ап и спин оф, во чии рамки се доделуваат финансиски средства до 30.000 евра, како и Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации во чии рамки се доделуваат финансиски средства до 100.000 евра.
На прес-конференцијата ќе се обрати извршниот директор на Сојузот, Митко Алексов и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јасмина Поповска.