Претставата „Маркс во Сохо“ на Први мај во Менада

Претставата „Маркс во Сохо“ од Хауард Зин ќе биде одиграна во Менада бар на 1 мај, а со почеток во 20 часот.

Претставата "Маркс во Сохо" на 1 Мај @ Менада

Режисерка на претставата е  Александра Кардалевска, а во неа играат Игор Ангелов, Соња Стамболџиоска и Благој Веселинов.

Костимите се на Маја Димовска, преводот го направи Благица Секуловска, а за музиката е задолжен Ѓорѓе Ќириќ.

„Маркс во Сохо”, е драма напишана од Хауард Зин (1922-2010) во која Маркс после договор со авторитетите на ‘другиот живот’ добива можност да го очисти неговото име и да се врати во денешницата. Маркс доаѓа во нашето време за да ги брани идеалите на комунизмот и да го спаси денешното човештво од капитализмот. Маркс како семеен човек, кој се мачи да го одржува неговото семејство и Маркс како мислител на радикална промена, кој се труди да биде разбран од неговите другари револуционери современици.

Маркс се враќа за да докаже дека неговите идеи се сеуште релевантни, иако Џени, неговата жена, има доста за полемизирање. Алкохолот сепак не ги зближува комунистот Маркс и анархистот Бакунин. 150 години подоцна, Маркс се буни на триумфот на денешниот капитализам.

Лубов и семејна драма, комунизам и анархизам, алкохолизам и сиромаштија, труд и експлоатација, Енгелс и Бакунин, капитализам и природа, хемороиди и револуција, револуција…

Хауард Зин е американски политички активист, познат по неговото класично дело „Народна историја на Соединетите Држави“. Пораснат во Бруклин и работник во бродоградилиштата, Зин учествува во Воздушните сили за време на Втората Светска Војна. Хауард Зин е историчар на искуството на народните маси, професор во универзитетот во Бостон и активен челен на Движењето за Граѓански Права. Неговата смрт во 2010 беше голема загуба за сите борци за правда кои тој ги инспирираше во борбата за ослободување на угнетените.

Организатор на настанот е Левичарското движење Солидарност со поддршка од Фондацијата Роза Луксембург.