Претставата „Грофот“ утре во Драмскиот театар

Утре во 20:00 часот во Драмскиот Театар Скопје ќе се одигра претставата „Грофот“ во режија на Димче Николовски, дизајнот е на Стефан Спировски, додека во главните улоги ќе настапат Рубенс Муратовски – Давид, Калина Наумовска – Соња, Жарко Димоски – Жорж, Томас, Јаков, Игор Ангелов – Гроф Владимир и Филип Трајковиќ – Интернетот.

Претставата „Грофот“ утре во Драмскиот театар

– Што ако сите социјални конвенции денес не го тангираат некој предизвик. Што ако различните луѓе и различните култури го направиле некој предизвик невидлив. Најголемиот од сите предизвици е квалитетот на информацијата, т.е. откривањето колку е вистинита.

– Секој обид за анализирање или дискутирање, секој метод за дедукција или објаснување води до истата конклузија, а имено дека сѐ е лага. Зрната на вистината ги има сѐ помалку, а потрагата по решетото со кое може да се направи диференцијација, очигледно е потрагата по денешниот свет грал. Ововременските витези го немаат мечот на вистината, оклопот на верностa и шлемот на мудроста, а мислат дека се непобедливи. Тие витези соочени со предизвик кој не го гледаат во околности што не ги разбираат, се хероите во претставата „Грофот“.

– Во една таква комична ситуација ги доведува едно недоразбирање, многу мало недоразбирање кое е лесно решливо за обичен воин, но, за нашите витези тоа ќе се претвори во калабалак од невидени размери. Така стигнуваме до прашањето: колку е достоен и вешт денешниот човек за предизвиците на ова време?, се вели во најавата за претставата.