Повеќе од 100 деца и млади луѓе на возраст од 12-16 години, од целата држава, се дел од летниот камп на Сојузот на извидници на Македонија, кој започна денеска во Извидничкиот центар Охрид.
Покрај извидниците дел од летниот камп се и децата од SOS Детско село и Дневниот центар за деца на улица – Шуто Оризари.
На успешна реализација на програмскиот дел и логистика на ова летување ќе работат 30 волонтери од Северна Македонија и Франција.
Програмата опфаќа различни области, почнувајќи од водени и забавни игри, извиднички вештини, екологија и одржлив развој. ж
„Водени по принципот учење преку работа и забава, сигурни сме дека учесниците ги очекува едно незаборавно летување во Охрид, исполнето со многу нови искуства“, велат од Сојузот на извидници на Македонија.
Повеќе информации, новости, слики и видеа можете да најдете на Фејсбук (https://www.facebook.com/scoutsmacedonia) и Инстаграм (@scoutsmacedonia) профилите на Сојузот.