Предизвиците со менталното здравје поради Ковид-19 ќе растат зимава, предупредува СЗО

Европската канцеларија на Светската здравствена организација предупреди дека очекуваат да расте бројот на луѓе кои се соочуваат со „големи предизвици по менталното здравје“ во следниве неколку месеци бидејќи пандемијата со Ковид-19 ќе се влоши во текот на зимската сезона.

Истовремено од организацијата ги повикаа сите да останат во своите домови дури и ако мерките во нивните држави им дозволуваат празнични групирања.

Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, соопшти дека глобалната пандемија ја засили кризата по менталното здравје на континентот чие влијание веројатно ќе биде длабоко и долгорочно.

Тој предупреди дека менталните последици од Ковид-19 „ќе биде составена од вознемирености кои често се присутни во зимата и празничните периоди“.

Во анкета спроведена во 25 развиени земји за време на првиот бран од пандемијата пролетва, 28 проценти од испитаниците изјавиле дека се чувствувале осамено, а 27 проценти изјавиле дека чувствувале депресија и вознемиреност.

Во зимските месеци вообичаено има повеќе луѓе кои се соочуваат со проблеми со менталното здравје. Едно од нив е Сезонското афективно растројство, вид на депресија која во нормална година зафаќа 5 проценти од возрасните во САД, според Американската психијатриска асоцијација. Оваа состојба е поврзана со биохемиска неурамнотеженост во мозокот, предизвикана од скратениот период на дневна светлина. Од организацијата потенцираат дека симптомите можат да предизвикуваат стрес и да сметаат во секојдневните активности.

Според доктор Клуге како одговор на чувствата на вознемиреност и депресија треба е зголемување на активноста и наоѓање начини за поврзување со другите. Тој истовремено ги повика властите да обезбедат „специјализирана нега и поддршка“ за оние кои се најзасегнати и да ја промовираат негата на менталното здравје во заедниците каде овие предизвици остануваат длабоко стигматизирани.

„Во периодот на дарување, заштитата на нашето ментално здравје и благосостојба и нивното промовирање за другите е еден од најдобрите подароци кои можеме да го дадеме“, вели Клуге.

Европа во моментов се справува со вториот бран на коронавирусот и се соочува со разни нивоа на рестриктивни мерки. На граѓаните најчесто им се препорачува да ги ограничат патувањата, да останат дома и да доаѓаат во контакт со што е можно помалку луѓе.