Правниот факултет нема парно, а ќе снема и вода

Компанијата „БЕГ”, од први октомври, поради неплатени сметки за парно, го исклучи Правниот факултет „Јустинијан Први” од снабдување со топлинска енергија, објави денешен „Вест“.  Но, уште поалармантна е заканата од Скопски водовод поради неподмирен долг за потрошена вода на Правниот факултет од 133 илјади денари.

Правен факултет

Водовод, како што пишува Вест, им пратил писмена опомена според која ако не се подмират долговите до петок, ќе ги затворат вентилите за вода на факултетот.

Во изјава за весникот, деканот на факултетот, Борче Давитковски вели дека нема да дозволи водата да биде исклучена, но ако тоа се случи, ќе ја прекине наставата во интерес на студентите и професорите.

Тој тврди и дека сите факултети од кампусот на УКИМ се исклучени од доводот на топлинска енергија.

„Ако се спушти температурата на нула или 0адне под нулата, јас веднаш ќе ја прекинам наставата,немам намера да ги терам студентите да ѕемнат на предавања во студени простории“, категоричен е деканот .

Извор: Вест/Либертас