Познатиот холандски диџеј Mark du Mosch гостува во Капан Ан

Во петок во Капан Ан гостува познатиот холандски диџеј Mark du Mosch. Иако важи за еден од оние диџеи кои ги нема на официјалните листи за најдобри диџеи, добрите познавачи на квалитетниот андерграунд звук, во последниве 2 децении, во него препознаваат човек со автентичен талент и силна страст за својата работа.

Познатиот холандски диџеј Mark du Mosch гостува во Капан ан

„Малкумина се оние кои се уште ја поседуваат оригиналната искра која оваа електронска денс култура ја направија толку важна во современиот свет. Mark Du Mosch е токму човекот кој ви е потребен да ја почувствувате основната причина зошто секој викенд се наоѓате на подиумот за танц. Тој е потполно уникатен миксјаќи техно и хаус и ќе ве воодушеви со енергијата и магијата со која ги презентира своите сетови“, посочуваат организаторите на овој настан, ПМГ рекордингс.

Mark Du Mosch е еден од водечките холандски андерграунд продуценти, а многу од неговите “траки“ ги вртат и македонските диџеи.