Пожарот на Водно е ставен под контрола, Град Скопје апелира да се избегнува палење оган на отворено

Пожарот кој претпладнево беше забележан на Водно, под месноста Марково крувче е ставен под контрола. Во моментов на терен интервенира Противпожарната бригада на Скопје со 9 возила и екипи од ЈП „Паркови и зеленило“, а причината за пожарот е човечки фактор, информираат од Град Скопје.

Поради зголемениот ризик за локални пожари од високите температура и портокаловата фаза со која е зафатен регионов, градските власти апелираат до сите граѓани при посета на планината Водно, другите излетничките места и шумите да бидат внимателни со отпушоците од цигари, да одбегнуваат палење оган на отворено, како и други активности кои можат да предизвикаат несакани пожари.

Од Град Скопје ги повикуваат граѓаните доколку забележат пожар веднаш да пријават во Противпожарната бригада на телефонскиот број 193 или во Центарот за управување со кризи, на бројот 195.