Повик за волонтери и учесници во „Кавадарци трки 2015“

Младинското здружение КРЕАКТИВ, во соработка со општина Кавадарци организира меѓународни трки под мотото „Born to run“. На „Кавадарци трки 2015“ може да се пријави секој без оглед на возраста, а целта на настанот е и да привлече учество на различни националности. Како што информираат од младинското здружение, веќе е најавено учество на гости од Белгија, Велика Британија и други земји од Европа и Америка.

Почетокот на трките, кои ќе се одржат на 13 септември е во 5 часот попладне, при што ќе се трчаат 4 рути со различна должина од 1км, 3км, 5км и 10 км.

Краен рок за пријавување е 8 септември 2015, а сите дополнителни информации можете да се најдат и на официјалната веб-страница на настанот.

Покрај за учество во трките младите ќе можат да се вклучат во настанот и како волонтери коишто заедно со меѓународниот волонтерски тим на Младински центар КРЕАКТИВ ќе работат на организација и реализација на „Кавадарци трки 2015“. Сите заинтересирани за волонтирање во случувањето можат да се пријават на следниот ЛИНК. Предност ќе имаат волонтерите коишто први се пријавиле.