Повик за учество во работилници за форум театар и фотографска работилница

Сите заинтересирани средношколци од средните училишта од Скопје кои сакаат да бидат дел од креативни работилници кои што ќе се одржуваат во месеците февруари и март, може да се пријават до 24-ти јануари, соопштуваат од Х.Е.Р.А.

Повик за учество во работилници за форум театар и фотографска работилница

Како дел од проектот „Советувалиште и едукација за превенција од употреба на дроги помеѓу средношколска популација во град Скопје“ ќе се одржуваат креативни работилници за фотографија и форум театар. За да се пријавите да учествувате на една од работилниците треба да сте ученик/чка во едно од средните училишта во град Скопје и да можете активно да учествувате во работилниците кои ќе се одржуваат во текот на викендите во февруари и март во Младинскиот центар „Сакам да знам“.

Форум театар

Форум театарот е една форма на театарски базирана едукација означува користење на театарот како алатка со која се пренесуваат информации и знаење, се постигнува промена на став и однесување. Театарски базираната едукација е интересен начин за пренос на знаења, но таа е многу повеќе од само забава на публиката. Театарски базирана едукација е спроведена од млади луѓе и е наменета за нивните врсници. Како таква им овозможува на младите да се стават во улогата и на многу едноставен начин им овозможува да се стекнат со знаење. Покрај размената на информации, споделувањето на мислења и искуствата, се дава можност за отворена дебата во однос на темата која се работи. Како резултат на овие работилници, волонтерите ќе подготват сценарио за кратка театарска изведба, која што ќе биде прикажувана во средните училишта.

Може да се пријавите за учество на работилниците на следниов линк.

Фотографска работилница

Преку овие работилници ќе се запознаете со основните информации кои што се однесуваат на историјата на фотографијата, како и вештини и техники за фотографирање. Овие работилници ќе имаат за цел да ги научат младите како да ја користат фотографијата како медиум и алатка за пренесување на информации. Волонтерите кои што ќе учествуваат на овие работилници, своите фотографии кои што ќе бидат производ на овие работилници ќе ги изложат на изложба која што ќе биде организирана како дел на овој проект.

Може да се пријавите за учество на работилниците на следниов линк.