Радио МОФ го проширува тимот – се бара новинар/ка!
Радио МОФ е независен онлајн медиум што нуди информативни и музички содржини достапни на www.radiomof.mk. Медиумот е посветен на создавање на вести, мултимедијални производи и покривање на случувања поврзани со младите, образованието, активизмот, учеството и културата. Содржините ги создаваат новинари и млади автори посветени на јавниот интерес.
Младински образовен форум (МОФ) е младинска заедница која овозможува образование за дебата, правна писменост, лични и професионални вештини; креира истражувања и политики; обезбедува медиумски простор и информираност; поддржува активизам, самоорганизирање и учество; за општествен развој на младите.
Позиција: Новинар/ка
Локација: Комбинирано (Канцеларија на МОФ / работа од дома / работа на терен)
Работно време: Полно работно време
Главни работни задачи
- Следење дневни настани и теми важни за младите и заедницата;
- Пишување вести, интервјуа, репортажи и истражувачки текстови;
- Креирање мултимедијални содржини, во соработка со уредникот и техничкиот тим;
- Учество во подготовка на радио емисии и програма;
- Комуникација со организации, институции, експерти и млади активисти;
- Присуство на настани, конференции и активности што ги покрива Радио МОФ.
Квалификации и вештини:
- Навршени 18 (осумнаесет) години;
- Минимум завршено средно образование, високо образование во областите на новинарство, комуникации, медиуми, социјални науки и други сродни области, ќе се смета за предност;
- Искуство како медиумски работник, ќе се смета како предност;
- Одлични вештини за пишување и истражување;
- Професионална комуникација на македонски и англиски јазик, а познавањето на албански јазик ќе се смета за предност;
- Разбирање на младински политики, општествени процеси и актуелни теми;
- Способност за работа под временски рокови и координација со тим;
- Познавање на дигитални алатки, социјални медиуми и останати мултимедијални содржини ќе се смета за предност.
Што нудиме:
- Хонорар од 30.000 – 35.000 денари нето (во зависност од искуството и ангажманот);
- Простор за креативност и лично новинарско изразување;
- Тимска енергија, поддршка и флексибилна работна средина исполнета со младински дух;
- Помош и насоки во извршување на обврските;
- Двонасочна евалуација на перформансите со конкретни насоки за подобрување и личен развој;
- Поттик за усовршување на лични и меки вештини;
- Учествување на настани, конференции, семинари и обуки како дел од Радио МОФ.
Како да аплицирате?
Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат на најдоцна до 11.01.2026 (недела) до 23:59 часот со испраќање на испраќање на својата апликација на info@mof.org.mk и ivona_kuzmanovska@mof.org.mk со назнака: „Апликација за новинар/ка во Радио МОФ“. Апликацијата треба да содржи:
- Биографија (CV)
- Мотивациско писмо (до 1 страница)
- Краток авторски текст (до 500 зборови) – може да биде објавен или необјавен, на тема по ваш избор поврзана со младите, општеството, културата или активизмот
Кандидатите што ќе влезат во потесен избор ќе бидат поканети на интервју со комисија од МОФ.
За дополнителни прашања: info@mof.org.mk и ivona_kuzmanovska@mof.org.mk.