Повик за млади истражувачи: Градење на следната генерација на младински лидери

Институтот за европска политика – ЕПИ, заедно со Младинскиот образовен форум – МОФ го спроведуваат проектот ,,Градење на следната генерација на младински лидери”, финансиран од Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE). Целта на проектот е поттикнување на млади лидери од Македонија во граѓанско учество и претприемачки активности, како и зголемување на информираноста на јавниот дискурс за клучните демократски и економски теми.

Проектот ќе поддржи четири истражувачки трудови, спроведени од млади истражувачи, кои ќе бидат менторирани од искусни истражувачи од ЕПИ. Истражувачите треба да бидат апсолвенти, неодамна дипломирани или постдипломци, на возраст помеѓу 21 и 26 години.

Теми на кои можат да се пишуваат истражувачките трудови се:
●  факторите кои придонесуваат за “одлив на млади мозоци”,

  • достапните и неискористените можности за претприемништво на млади луѓе,
  • ресурсите и алатките коишто им стојат на располагање на младите луѓе за да се пласираат на македонскиот пазар на труд,
  • бизнис средината за потенцијалните млади претприеамачи,
  • други прашања од областа на дмеократијата и економијата поврзани со вработувањето на младите и лидерскиот потенцијал – како граѓанскиот, така и претприемачкиот.

Резултатите од истражувањата ќе бидат презентирани на тркалезна маса на виско ниво сo клучните креатори на политиката и засегнатите страни.

Избраните истражувачи ќе имаат 6 месеци за изработка на трудовите, од времето на потпишување на договорот. Трудовите треба да бидат напишани на македонски јазик или на албански јазик, кои потоа ќе бидат преведени.

Условите и начинот на пријавување за истражувачки труд може да ги најдете на следниот линк.