Повици на Скајп отсега можат да се прават и без профил

Мајкрософт го ажурираше Скајп со нова можност: „гостински“ интерфејс кој овозможува да се воспоставуваат и примаат повици, без потребата да се преземе апликацијата или компјутерската програма, или пак да се регистрира кориснички профил.

За да се направи повик, треба само да се оди на адресата skype.com. Таму, корисникот добива линк кој може да го сподели со било кого, а потоа на дадениот линк може да се започне аудио или видео повик, групна порака и да се споделуваат документи.

Контактот ќе може да комуницира со корисникот на истиот начин доколку го посети линкот кој бил споделен, на интерфејс кој би им бил познат на сите кои користеле Скајп. Податоци за разговорите и линкот постојат 24 часа, после што сосема се бришат.