Повеќе од четвртина Европјани сметаат дека силувањето „е некогаш оправдано“

Околу 27 проценти од луѓето кои живеат во Европа веруваат дека силувањето е прифатливо под некои околности, како на пример доколку девојката е под дејство на дрога или алкохол, носи облека која не ја покрива или си оди кон својот дом со напаѓачот.

Бројките се објавени во истражување спроведено од Европската унија за родовото насилство. Истражувачите побарале мислење од 30 илјади жители на различни земји членки на ЕУ, за тоа дали сметаат дека принудувањето на некого да има секс против негова волја е прифатливо под одредени околности.

Како што е прикажано на фотографијата објавена од Independent, 27 проценти од испитаниците во ЕУ сметаат дека принудниот сексуален однос е понекогаш „оправдан“. Дванаесет проценти рекле дека е прифатливо доколку жртвата е пијана или под дејство на дрога, 11 проценти рекле дека е прифатливо доколку жртвата свесно си заминала дома со напаѓачот, 10 проценти рекле дека е прифатливо доколку не рекла „не“ јасно или доколку физички не се опирала на нападот.

Бројките варираат во различни земји, а околу 60 проценти од Романците им рекле на истражувачите дека силувањето е дозволено во некои околности. Висок процент истражувањето покажало и во Белгија, Унгарија, Словачка, Чешка и Латвија.

Се проценува дека околу една од пет жени се силувани во текот на нивниот живот, а околу еден од 71 мажи.