Иницијатива за да се усвои барањето, каде секој ќе може да достави изјава заверена на нотар дека постхумно ги донира органите, а дополнително тоа да биде последна одлука која никој нема да може да ја побие, најавуваат во иднина од Националното здружение на пациенти со механичка циркулаторна потпора на работатата на срцето „Храбро срце“.
Од здружението, покрај информацијата за ваквата иницијатива, велат дека поради тоа што почнале да кружат многу дезинформации во врска со Законот за трансплантација и постапката за станување донор, посочуваат дека т.н. донорски картички не се законски регулирани и истите не важат.
„Засега нема можност за изјава на нотар. Актуелниот закон за трансплантација во Македонија гласи: ‘Секој е потенцијален донор, освен ако во текот на животот не се изјаснил дека не сака да биде, но, фамилијата го има последниот збор“, стои во нивната објава на Фејсбук страницата.
Pocituvani,Poradi toa sto pocnaa da kruzat mnogu dezinformacii vo vrska so Zakonot za transplantacija I postapkata za…
Posted by Nacionalno zdruzenie na pacientite so MP na srceto "Hrabro srce" on Monday, 25 May 2020
Иницијативата која ја најавуваат, како што посочуваат, ја има во Црна Гора каде важи од 2019 година, а изјавата на нотар таму не може да се побие.
Од „Храбро срце“ упатија апел до сите поединци и слични организации во иднина максимално да зборуваат за темата органодарителство, а не само, како што велат, на денот на некој орган.
Темата за органодарителство стана актуелна откако пред два дена, во нашата земја беше извршена првата трансплантација на срце, на Државната клиника за кардиологија во Скопје.