Полски региони ги укинуваат своите анти-ЛГБТ прогласи

Три полски региони вчера одлучија да ја укинат одлуката според која тие беа прогласени за „територии слободни од ЛГБТ идеологијата“.

Овој чекор доаѓа откако Европската Комисија се закани дека ќе ги блокираат финансиските средства.

Прогласите првично беа усвоени во 2019-та година, откако локалните власти тврдеа дека кампањите за ЛГБТ права биле напад врз традиционалните католички вредности.

Дополнително уште скоро 100 региони во Полска донеле слични прогласи против ЛГБТ заедницата минатата година, што предизвика остри критики од ЕУ, кои тврдеа дека на тој начин се нарушуваат правата против дискриминација.

Европската Комисија потоа повика пет од поголемите региони да ги укинат овие одлуки, а доколку не го направат тоа се заканија дека ќе ја блокираат исплатата на 126 милиони евра за локалните самоуправи.

Истополните заедници не се легално препознаени во Полска, а земјата веќе донесе забрана геј парови да не можат да посвојуваат деца.

Иако овие прогласи се релативно симболични и практично не можат да се спроведуваат, тие сепак дополнително ја разгореа внатрешно-политичката пресметка. Прогласите се поддржани од владејачката десничарска Партија на правото и правдата.