Полска ја запре имплементацијата на новиот рестриктивен закон за абортус, според кој абортусот би бил скоро докрај забранет. Полската влада извести за прекинувањето на процесот вчера, откако веќе две недели се одржуваат масовни протести против законот.
Стотици илјади активисти протестираа за своето право на абортус низ цела Полска, откако властите најавија воведување на рестриктивен закон за абортус пред две недели.
„Во тек е дискусија и потребно е време за дијалог и за наоѓање на нова перспектива во проблематиката која е тешка и предизвикува бурни емоции“, истакнал Микал Дворжук, портпарол на министерот.
Промената на законот за абортусот требаше формално да се објави на 2 ноември, но моментално необјавена, таа нема легална моќ.
Според известувањето на „Гардијан“ полскиот премиер се сретнал и со активистите и со опозициските правни тела, во обид да се пронајде решение. Претседателот Дуда, кој доаѓа од десната партија „Закон и правда“ и во својата скорешна претседателска кампања водеше хомофобична и анти-абортус реторка, предложи нов закон кој ќе дозволува абортус на фетуси кои имаат терминални дефекти, но не и во случај на присуство на Даун Синдром.
На 22 октомври, судот усвои дека абортирање на фетуси поради дефекти е нелегално, што значеше дека абортусите ќе бидат легални само во случаи на силување, инцест или опасност по животот на родилката. Скоро целосната забрана ќе го присили мнозинството од жените да бараат абортуси во странство.
Ваквата одлука предизвика масовни протести во Полска, а стотици илјади активисти излегоа на улиците, блокирајќи ги улиците, но и нарушувајќи ги собраниските седници и црковните миси.
„Сакам да живеам во земја каде абортусот нема да биде политичка тема. Земја во која такво нешто нема ни да се дискутира бидејќи е приватна работа. Но, исто така не сакам ни да се селам. Властите може да од**бат, јас ќе останам да се борам за правата на моите сестри“, изјавила активистката Марта Плевичка.
Мнозинството од полските политичари исто така го искажаа својот бес поради одлуката. Веднаш по нејзиното објавување, членовите на центарот и левицата во парламентот, држеле знаци на кои пишувало „Срамно!“ и извикувале про-избор слогани кон премиерот.
Извор: Dazed&Confused