Политичката дискриминација е реалност, но тешко се докажува

Расте свеста кај граѓаните за препознавање и пријавување на политичката дискриминација, но нејзиното докажување се уште останува сериозен проблем. Ова беа дел од заклушоците на денешната дебата која се организираше и емитуваше на Радио МОФ, а со наслов „Политичка дискриминација во Македонија?!

Политичката дискриминација е реалност, но тешко се докажува

Како што истакна  Ана Чупеска, асистент на Правниот факултет „Јустинијан Први“, едукацијата е најдобар избор за решавање на дискриминацијата. Во однос на судската пракса, таа посочи дека сепак има разлика во она што се случува во земјава и во развиените западноевропски држави.

„Прецизноста на одлуките на странските судови е далеку поголема од таа на Уставниот“, забележа таа во однос на прашањето дека од 17 преднети кои во изминативе 15 години стигнале до Уставен, не било прифатено ниту едно.

Претседателот на комисијата за заштита од дискриминација, Душко Миновски пак посочи дека е потребно судската власт да почне сериозно да ги разгледува случаите со дискриминација. Од друга страна, додаде тој, голема е улогата и на граѓанскиот сектор.

„Само со активно граѓанство можеме да ја решиме дискриминацијата“, истакна Миновски.

Според Љупчо Петковски, аналитичар во Македонскиот центар за европско образование и самите грагани мора да научат да изборат за својата слобода.

„Каква е побарувачката, таква ќе биде и понудата“, изјави тој алудирајќи на фактот дека се додека граќаните согласуваат и ја прифаќаат дискриминацијата, властите ќе ја користат во споствена полза.

Целата аудио дебата може да ја слушнете подолу:

Debata – Politicka diskriminacija vo Makedonija by Radio Mof on Mixcloud

Дебата во живо се пренесуваше и преку видео стрим, а снимката може да ја погледнете на ЛИНКОТ на Youtube.

Дебатата „Политичка дискриминација во Македонија?!“се реализира во соработка со Македонски центар за европско образование (МЦЕО), а во рамки на проектот „Основни права – Сместување во европската рамка“. Целта на проектот е подигање на свеста за европскиот систем за заштита на човековите права и импактот кој го има врз соодветниот национален систем за заштита на човековите права.