Полицијата во Франција со солзавец кон активистите кои протестираа против политиките за климатски промени

Полицијата во Франција возврати со солзавец кон активистите кои протестираа барајќи од властите поголема акција во справувањето со климатските промени. Тие претходно ги блокираа улиците во Париз, но полицијата насилно ги отстрани, пренесува Би би си.

Демонстрантите, од кои повеќето студенти, се обидуваа да го привлечат вниманието на институциите и медиумите кон проблемот со климатските промени.

Тие сметаат дека реакцијата на полицијата била претерана, со оглед на тоа дека протестот бил мирен.

Протестот беше одговор на моменталната ситуација со топлотните бранови низ државата. Температурата во Париз деновиве е околу 33 степени Целзиусови, што е далеку од вообичаеното.