Поетско музичка вечер по повод светскиот ден на џезот во бифето на Драмски факултет

Во бифето на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во петок (26 април) со почеток од 20 часот ќе се одржи поетско-музичка вечер во чест на Светскиот ден на џезот.

Настанот ќе биде уметничка фузија на музиката и пишаниот збор, каде поезија ќе читаат студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а џез ќе свират музичари од Факултетот за музичка уметност.

Повеќе детали за настанот може да најдете тука.