Поетесата Лидија Димковска ќе учествува на фестивал во Ирска

Македонската поетеса Лидија Димковска ќе учествува на меѓународниот „Корк пролетен поетски фестивал“ во Корк, Ирска кој трае од 11-14 февруари и е во организација на центар Манстер.

Димковска ќе се претстави на целовечерно читање во Уметничкиот театар во Корк на 13-ти февруари со избор од своето поетско творештво на македонски и на англиски јазик, заедно со словенечката поетеса Барбара Погачник.

Фестивалот постои повеќе години и опфаќа целовечерни читања, работилници, промоции, дискусии и средби со издавачи.

Годинава ќе учествуваат врвни поети, пред се, од англиското јазично подрачје како од Велика Британија, САД и Канада, но и ирски поети од повеќе генерации.