Постои ли можност за зачувување на човековите слободи за време на вонредна состојба? Како може државниот апарат да ја користи контролата врз граѓаните за време на пандемија? Во кои услови може да се направи исклучок од казнувањата за непочитување на мерките?
На овие теми, во подкастот на Новинарскиот клуб на Радио МОФ, разговараме со Гоце Коцевски од Македонското здружение на млади правници.
Со текот на времето, пандемијата ги натера здравствени власти да воведуваат најразлични рестрикции ширум светот, но и тука, во Македонија.
Надлежните се децидни дека нема потреба од воведување на дополнителни рестриктивни мерки, освен оние кои се сега на сила. Па така, според последните донесени мерки, граѓаните, освен на затворено како досега, сега мора да носат и заштитна опрема на лицето и на отворен простор. Не смеат да се групираат повеќе од четири лица во текот на целиот ден, а на рестораните и кафулињата им се стави клуч исто после овој период.
Подкастот го подготвија Ивана Смилевска и Мартин Колоски.