Почнува судењето за случајот „Еразмус“

Денеска во Основниот суд Скопје 1 е најавено рочиште  за предметот „Еразмус“. Поднесените обвиненија за поткуп се однесуваат на пет професори и еден асистент од економскуот факултет во Скопје.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го поднесе обвинението во октомври минатата година.

Обвинителството ги товари обвинетите врз основа на докази што потврдуваат основано сомневање дека во повеќе наврати во подолг временски период, односно во текот на 2015 и 2016 година, како лица вработени на Економскиот факултет во Скопје, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела.