Почнува судењето на притворените демонстранти Здравко Савевски и Владимир Куновски

Денеска во Кривичниот суд почнува судењето против членовите на „Левица“, Здравко Савески и Владимир Куновски кои се обвинети за „учество во толпа што ќе стори кривично дело“ и се наоѓаат во куќен притвор. Савески и Куновски се обвинети дека учествувале во демолирањето на Канцеларијата на претседателот Иванов на Рекорд за време на протест на движењето #Протестирам.

И за нив и за останатите осомничени и обвинети, Обвинителството процени дека сториле материјална штета од 15 000 евра, на што реагираше судијката во првиот предмет кој стаса во судот и побара солидарна распределба на штетата. По забелешката за тоа кој и како ја проценил штетата и како ќе се утврди дека целата ја сториле тие, останува да се направи вештачење до 12 мај и да се утврди за колкава сума се работи.

Судењето против други двајца притворени демонстранти, Никола Аризановски и Филип Накевски, продолжува во четврток, кога треба да заврши и вештачењето на штетата.