Почина жирафата Орка во скопската зоолошка градина

Почина жирафата Орка, еден од милениците на Зоолошката градина во Скопје. Информацијата за Радио МОФ ја потврдија од скопската зоолошка градина.

Почина жирафата Орка во скопската зоолошка градина

Од Зоолошка засега не сакаат да зборуваат за причините за смртта на жирафата. Појаснуваат дека , за седум до десет дена ќе има одговор на ова прашање бидејќи тогаш ќе бидат завршени сите испитувања.

Орка беше стара околу 3,5 години, а во скопската зоолошка градина пристигна во септември 2012 година.