Почина Реј Долби – таткото на аудио системот Dolby Surround

Реј Долби, инженерот кој го пронајде изуми системот за на намалување на бучавата на аудио снимките и сараунд звукот, и чии изуми се користат во музиката и кинематографијата, почина вчера, на 80 години во својот дом во Сан Франциско, јави компанијата „Dolby Laboratories Inc“.

Почина Реј Долби - таткото на аудио системот Dolby Surround

Долби кој е пионер во областа на репродукцијата на звукот , ќе биде запаметен како човекот кој го измисли Dolby Surround, а со богатство од 2,4 милијарди долари, може да се каже дека навистина успеа тишината да ја претвори во злато.

Долби, чие има стана синоним за домашните звучни системи и кината, за својата работа ја освои филмската награда Оскар, награда за особени придонеси во музичката уметност и дискографија, Греми и две телевизиски награди Еми. Последните неколку години имал Алцхајмерова болест, а во јули му е дијагностицирана и леукемија.

„Иако во срцето беше инжинер, постигнувањата на мојот татко во технологијата се изродија од љубовта кон музиката и уметноста“, изјави неговиот син, писателот Том Долби.

Роден е во Портланд, а живеел во Сан Франциско, Долби пред да го направи пронајдокот кој го смени светот e дел од групата на американската фабрика Ampex која во 1956 година го произведе првиот употреблив видео рекордер.

Докторирал на британскиот Универзитет Кембриџ. Во Лондон во 1956 година ја основал компанијата „Dolby laboratories“, која од почетокот стана најпозната по работата на намалувањето на бучавата на аудио снимките и сараунд звуците.

Долби својата фирма во 1976 година ја пресели во Сан Франциско, а во 1989 година доби Оскар за својот придонес во филмот. Музичката награда Греми ја доби во 1995 година, а телевизиските награди Еми во 1989 и 2005 година. Има патентирано повеќе од 50 пронајдоци, а  иако Долби се повлекува пред неколку години , неговата компанија продолжува со иновациите и со новиот систем Dolby Atmos. „ Хобит: Неочекувано патување“ е еден од првите филмови кои го користат новиот систем .