Почина Џон Бери, еден од основачите на Бисти бојс

Еден од основачките членови на бендот Бисти бојс, Џон Бери, починал во Њујорк на 52-годишна возраст, јавуваат медиумите. Тој боледувал од еден вид деменција, која се влошила во изминатите неколку месеци.

Бери оригинално го создал бендот како хардкор-панк состав, заедно со уште тројца другари, во 1981 година. Името на групата било предлог токму на Бери, кој свирел гитара на првото издание на Бисти бојс, „Polly Wog Stew“ но ја напуштил групата пред таа да го достигне комерцијалниот успех, на крајот на 80-те.

Откако Бери го напуштил бендот, тој бил заменет со Адам Хоровиц, попознат како Ад-Рок, по што Бисти бојс одбираат друг правец, како хип хоп група.