Почина Џек Шерман, поранешниот гитарист на „Ред хот чили пеперс“

Џек Шерман, гитаристот кој свиреше на деби албумот на американскиот рок бен „Ред хот чили пеперс“ почина на 64 годишна возраст.

„Тој беше уникатен човек и му благодариме за мемориите, и добри и лоши и мемориите помеѓу. Најди мир на „буги“ платформата“, гласеше соопштението од страна на бендот.

Шерман, кој го влезе во составот на бендот на нивната прва тура во 1984 година, истворемено е автор на песните на вториот албум на „Ред хот чили пеперс“.

Причината за смртта на Шерман уште не е позната.

„РХЦП“ фамилијата му посакува на Џек Шерман мирно патување кон останатите светови“, објави бендот на своите социјални мрежи.

Шерман го замени Хилел Словак, гитаристот и основачот на „Ред хот чили пеперс“ во 1983 година. Словак се врати во бендот во 1985 година.

Шерман учестуваше во создавањето на идните албуми на „РХЦП“, „Аби роуд“ и „Мајчино млеко“, а соработувал и со истакнати уметници како Боб Дилан и Џорџ Клинтон.

Шерман не беше вклучен како дел од бендот кога останатите членови на „Ред хот чили пеперс“ станаа дел од „Рокенрол салата на славните“ во 2012 година. Тој подоцна ја искритикувал таквата одлука, истакнувајќи дека се почувствувал „исклучено“

„Многу е болно да се засведочи прославата и да се биде исклучен од неа“, изјавил тој за „Билборд“.

Извор: ВВC