По маратонски разговори, постигнат договор на ЕУ Самитот за миграција

Лидерите на Европската унија постигнаа договор за миграција по маратонските разговори на самитот во Брисел.

Италија – влезната точка за илјадници мигранти, главно од Африка, се закани дека ќе стави вето на заклучоците од целата агенда ако не добие помош за ова прашање.

Во компромис, новите центри за мигранти ќе бидат основани во земјите на ЕУ на „доброволна” основа.

Тие ќе одредат кои се „нередовни мигранти, кои ќе бидат вратени”.

Релокацијата и преселувањето на бегалците, исто така, ќе се одвива доброволно, се вели во договорот.

Сепак, не е јасно кои земји ќе бидат домаќини на центрите или ќе добијат бегалци.

Заедничкото соопштение, исто така, говори за ограничување на движењето на барателите на азил меѓу земјите на ЕУ.

„По овој Европски самит, Европа е поодговорна и нуди поголема солидарност”, рече италијанскиот премиер Џузепе Конте. „Денес Италија повеќе не е сама”.

Но, германската канцеларка Ангела Меркел рече дека е потребно повеќе да се направи за решавање на несогласувањата.

Во прилог на центрите за мигранти, кои беа доброволно примени од страна на членките на ЕУ, 28-те водачи на ЕУ, се согласија и со неколку други мерки:

  • зајакнување на контролите на надворешната граница и зголемување на финансирањето за Турција и земјите во Северна Африка
  • разгледување на можноста за „регионални платформи за истовар”, кои имаат за цел да се спротивстават на бандите за криумчарење на луѓе. Меѓутоа, ако Северноафриканските земји добијат такви центри би можело да биде многу тешко, а Мароко повторно во четвртокот ја отфрли идејата
  • внатрешни мерки преземени од страна на земјите-членки за запирање на мигрантите кои се движат во ЕУ, за кои се вели дека договорот ја поткопа политиката за азил и слободниот граничен премин Шенген
  • зголемување на напорите за „спречување на развојот на нови копнени и поморски патишта” во Европа
  • повеќе инвестиции во Африка со цел да му се помогне на континентот да постигне „значителна социо-економска трансформација”, па луѓето повеќе да не мора да заминуваат за подобар живот
  • понатамошна работа за реформа на политиката на ЕУ за азил, вклучувајќи ги и промените во таканаречената Даблинска регулатива според која на мигрантите им се дава азил во првата безбедна земја каде што пристигнуваат.

Чии потреби ги исполнува договорот?

Италијанскиот премиер Џузепе Конте претходно направи ретки чекори за блокирање на заклучоците од заедничкиот договор сé додека лидерите не го решат миграционото прашање. И Италија и Грција сакаат другите земји да го споделат товарот.

Министерот за внатрешни работи на Германија, Хорст Сихофер, се закани дека до крајот на неделата би можел да ги отпушти мигрантите кои веќе се регистрирани надвор од границата на неговата матична држава. Ако ова се случи, германската канцеларка Ангела Меркел би го изгубила своето парламентарно мнозинство, пишува Би-Би-Си.

Според неа, пак, ЕУ сé уште има „многу работа да направи за да ги премости различните гледишта”.

Блокот е длабоко поделен околу прашањето на миграцијата, при што неколку централно-европски држави ја отфрлија шемата на ЕУ за преместување на 160.000 бегалци од преполнетите кампови во Грција и Италија.

Колку мигранти влегуваат во ЕУ?

Тековите на луѓе вклучуваат бегалци кои бегаат од сириската војна и други конфликти, итно барајќи азил.

Тоа не е криза како во 2015 година, кога илјадници луѓе секојдневно доаѓаа на брегот на грчките острови. Европскиот совет – стратешкото водство на ЕУ – вели дека бројките за незаконски влез во ЕУ опаднале за 96 отсто од нивниот врв во октомври 2015 година.

Но, тензиите се разгорија овој месец кога бродови за спасување на мигранти беа одбиение и од Италија и Малта, за на крај повеќето да бидат примени на шпанското пристаниште.