Пластичниот отпад исчезнува од океаните, научниците се збунети

Најголем дел од пластичниот отпад полека исчезнува од површината на океаните, покажува најновото истражување на шпанските научници. Што се случува со отпадот и понатаму е мистерија за научниците. После опширното истражување спроведено поради отпадот на воденото пространство, научниците дошле до заклучок дека големите количини на пластика всушност исчезнуваат од површината на океанот. Претпоставуваат дека отпадот се рони на парчиња, а многу возможно е и да потонува во длабочините на океанот или да е изеден од страна на рибите, пишува „Sciencemag“.

Пластичниот отпад исчезнува од океаните, научниците се збунети

„Длабочините на океанот за нас се сè уште непознати. За жал, пластиката која завршува во океаните може да и наштети на природата и на за нас мистериозниот екосистем“, вели коавторот на истражувањето Andres Cosar, еколог од Универзитетот Кадис во Шпанија.

Научниците денешницата ја нарекуваат и „време на пластиката“. Производителите сè повеќе го произведуваат овој материјал, кој се исфрла на депониите и преку планинските води се влева во океанот. На тој начин настанал и познатиот остров на пластичен отпад во Пацификот, кој достигна големина колку државата Тексас.

Застрашувачки е податокот од извештај од 1970 година, кој вели дека 45.000 тони пластика годишно завршувале во океанот, а оттогаш до денеска, производството на пластика е зголемено за петпати. Cosar и неговите колеги во своето истражување се обиделе да го истражат штетното влијание на отпадот и неговиот обем во океаните. Тие анализирале и податоци од други истражувања.

Нивното откритие било шокантно, најпрво за нив самите. Всушност, научниците откриле дека без разлика на драстичното зголемување на производите од пластика денес, во океаните денеска вкупно има само 35.000 тони од овој материјал, додека статистички би требало да биде неколку милиони тони – што значи дека 99% од отпадот исчезнале.

Исто така, научниците откриле дека малите делови од пластика,  како оние со големина помала од пет милиметри воопшто и ги нема во океаните. Според нив, можно е тие мали делчиња да се разложиле на уште помали кои е невозможно да се пронајдат, а нивното влијание врз океанот е непознато. Друга можност е тие делчиња да потонале во океанските длабочини.

„Возможно е и малите риби да ги јадат тие мали делчиња пластика или да ги разложуваат на уште поситни делови. Поголемите риби ги јадат помалите, а на крајот рибите се наоѓаат на трпезата на луѓето, затоа е многу важно да се истражи како токсините од пластиката влијаат врз здравјето на животните“, вели Cosar.

Извор

Превод: И.Ч.