„Петрунија“ викендов со 7 награди на три фестивали

“Господ постои, името ѝ е Петрунија” овој викенд на три фестивали низ светот освои седум награди.

Три награди филмот освои на Филмскиот фестивал во Мароко и тоа главната награда, доделена од УНЕСКО, која ја дели со грчкиот филм „Нејзината работа“ на Никос Лабот, специјалната награда од жирито за режија за Теона Стругар Митевска, како и наградата за најдобар актер за Зорица Нушева.

Филмот освои две награди и на Интернационалниот фестивал на филмска Режија во Србија. Главната награда за најдобра режија, како и награда за најдобра актерка, додека на Филмскиот фестивал во Порторож, Словенија, „Петрунија“ ја освои наградата „Златна Весна“ за најдобар филм за малцински копродукции, како и наградата од Здружението на уметнички кина на Словенија.

По само седум месеци фестивалска турнеја „Петрунија“ досега освои 21 награди. Филмот оваа есен ќе биде дел од редовниот кино репертоар во големите пазари на Италија, Германија, Шпанија, Полска и Грција.